Абудлманап Нурмагомедов и се обрати на јавноста откако минатиот викенд на УФЦ 239 дојде до конфромтација меѓу неговиот син, УФЦ шампионот во лесна категроија Хабиба Нурмагомедова, и Нејт Дијаз.
Нурмагомедов и Дијаз беа гости на настанот на УФЦ во Лас Вегас. Во еден момент, борецот од Стоктон поминуваше близу местото каде што беше сместен Нурмагомедов. Со оглед на претходните тензии меѓу Хабиб и браќата Дијаз кои веќе се степаа на настанот на ВСОФ пред четири години, нивната средба во неделата лесно можеше да ескалира во нова физичка пресметка.
Бројни снимки од публиката што се појавија откриваат како двоецот почнал нешто да си дофрла, но, за среќа, обезбедувањето на УФЦ ги раздвои и така спречи потенцијална катастрофа.
Таткото на Хабиб и главен тренер Абдулманап, исто така објави снимка на својот Инстаграм профил, каде што остави коментар.
“Овој човек го сака преку ред она што го заслужува. Колку ги баравме него и Петис да се борат, беше многу тешко да се преговара со нив, но УФЦ може да му даде таква шанса на овој тип“.
Дијаз против Ентони Петис ќе се бори во велтер категорија на 17 август во Анхајм на УФЦ 241настанот што го предводат Даниел Кормиер и Стипе Миочиќ. За помладиот од браќата Дијаз, тоа ќе биде прв настап по три години и реваншот со Конор Мек Грегор.
Дијаз беше отстранет од официјалната ранг листа поради неактивност, но со оглед дека Петис е девети, победата против него автоматски ќе го врати Дијаз во првите десет во лесна категорија.
Што се однесува до Хабиб, Дагестанецот ќе ја брани својата титула против привремениот шампион Дастин Пориер на 7 септември на настанот на УФЦ 242 во Абу Даби.