Раде Стефановски и Нуредин Мисини во Дубаи се стекнаа со судиски лиценци за кати (ФОТО)

Нуредин Мисини – Нурко и Раде Стефановски во пресрет на претстојното коло од Карате 1 Премиер лигата во Дубаи, Обединетите арапски емирати, полагаа за судиска лиценца на ВКФ за кати. Испитот го поминаа со највисоки оценки и така на лиценците за кумите ја додадоа и за кати.

Дејан Милошевски, Дилавер Беќири и Лазо Јорданов имаат лиценци за европски карате судии, со тоа што Милошевски ја има и највисоката лиценца за судење во кати во Европа, во Кочаели, Турција, положи за главен судија во  кумите.

Од друга страна, Македонската карате федерцаија во делот на судискиот кадар си ја зацврстува позицијата и во европски и во светски рамки, бидејќи со највиски звања се Златко Димоски, Боби Војдиновски и Игор Лазарев.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО