Светскиот шампион во полутешка категорија Андре Ворд и Сергеј Ковалев во Њујорк го одработија соочувањето и прес-конференцијата.
„СОГ“ минатиот ноември со судиска одлука го победи Русинот, му го нанесе првиот пораз во кариерата и му ги зеде ВБА, ВБО и ИБФ појасите.
Повторната средба е закажана за 17 јуни во Лас Вегас.
Крушер е убеден дека за победа против Американцот ќе му треба нокаут и не верува дека на поени може да ги врати титулите.
За време на прес-конференцијата менаџерот на Ворд Принс Џејмс дофрли дека Ковалев би можел да биде тој што ќе заврши со нокаут, но 34-годишниот Рускин не се исплаши.
„Тој не може да ме нокаутира. Кога удира шлака како жена. Нема тој да ме нокаутира. А причината поради која ми крвареше носот е ударот со лактот. Не од удар, нема тој да ме нокаутира“.
„Ќе го растурам. Всушност, ќе удирам повеќе и посилно, мојата цел е да го уништам, да нанесам болка. Сакам да и нанесувам болка на противниците. Тој го заслужува тоа“.
Објавено е дека не постои договорна клаузула за трет меч.
.