Ристо Димитров-Чурино стана специјален претставник за традиционалното борење во Оман

Македонскиот борец и тренер кој работи во Оман, битолчанецот Ристо Димитров – Чурино, за Божик доби ласкаво признание, тој е избран за специјален претставник за гуверноратот на Мускат за традиционалното борење „алмокабаш“ кое е слично на џудото.

Овој традиционален спорт најммногу се практикуваш во Јужен Оман, во Дхофар и особено во регионот Салалах.

„Благодарение на Сајед Салем Мохамед Ал Харири, претседател на Алмо Кабасах асоцијацијата, што ми ја даде оваа чест. Ќе се обидам да го популаризира спортот на ниво на нација, но и надвор од Оман. Се надевам дека со ова ќе им ја претставам на младите генерации „алмокабаш“ културата и традициите. Плус, ќе го претставам надвор од Оман и ќе ги претставам на светските омани традиции, култура и народ“, вели Ристо Димитров.

Чурино е ексклузивен претставник за гувернатот Мускат и пошироката околина

Но, како дојде до тоа токму Чуринот да биде избран.

„Заради мојата популарност во и околу Мускат ме избраа токму мене. Биле во контакт со многу луѓе и од сите тие добиле одговор дека најдобар кандидат за оваа функција сум јас. Многу луѓе во Оман ме знаат и препознаваат и заради тоа добив покана да ја преземам оваа функција“, објаснува Ристо кој направи многу пионерски работи во оваа работа со боречките спортови.

Обврските на Димитров се да организира натпреварувања и тренинзи во и околу Мускат, на локално и национално ниво, како и одржувње семинари и доделување сертификати. Потоа да го промовира спортот како омански производ и да биде ексклузивен претставник за Оман. Овој спорт веќе е дел од Светската организација на традиционални спортови.

„Прво мојата работа е да го вратам во живот, како еден древен заборавен спорт, да го претставам на новите генерации и што повеќе луѓе да почнат да го практикуваат. А после тоа да го претставам надвор од Оман и со тоа да ја претставам оманската култура и традиција“, објаснува Ристо и додава дека во моментов овој спорт е популарен само во југот на земјата.

„Всушност, тоа е и мојата работа, да го вратам во живот на северот на Оман и да ги запознаам новите генерации со спортот, и што повеќе од моите ученици да почнат да го практикуваат“, вели Чурино кој веќе неколку години работи во оваа земја.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО