Новиот ВБЦ шампион во средна категорија Шарло ја одбрани титулата со повредена рака (ВИДЕО)

Минатата недела ВБЦ објави дека Канело Алварез дека повеќе не е нивниот светски шампион во средната катгеорија, туку шампион на франшизата.

Со таа одлука привремениот шампион Жермел Шарло (29-0, 21 КО) беше промовиран и пред домашните навивачи во Хјустон го имаше првиот меч за одбрана на титулата во средна категорија.

Иако веќе во втората рунда ја повреди левата рака 29-годишниот Американец со убедлива едногласна одлука на судиите го совлада сонародникот Брендон Адамс (21-3, 13 КО) и повика на меч со Канело.

Судиите борбата ја бодуваа 120-108, 120-108 и 119-109.

https://www.youtube.com/watch?v=f_FWSYWnkGA
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON