Новиот светски шампион го предизвика Александар Усик на пресметка

Откако го победи Тајсон Фјури Aлександaр Усик стана првиот неприкосновен шампион во тешка категорија во ерата на четири појаси и првиот што го направил тоа од 1999 година.

Сега им претстои реванш кој треба да се одржи во втората половина од годината, но прашање е дали тоа повторно ќе биде меч за сите четири титули, бидејќи ИБФ се заканува да му го одземе појасот на шампионот.

Последниот Британец кој го освоил светскиот шампионски појас е Лоренс Околи, кој минатиот петок го победи Лукаш Розански со нокаут во првата рунда и го освои појасот на ВБЦ во бриџер категорија.

Околи го напушти тренерот на Шугар Хил Стјуард и се поврза со Џо Галагер. Сега се чека следниот предизвик.

Во последното интервју британскиот борец се осврна на претстојниот настан „5 на 5“ кој ќе се одржи викендов во Ријад, а на кој ќе настапат Филип Хрговиќ против Даниел Дубоа и Дионтеј Вајлдер против Жилеј Жанг.

„Одам таму како навивач, а можеби и ќе договорам борба, таму има многу врвни тешкаши. Има некои борби кои би можеле да се договорат во овој момент“, изјави Лоренс Околи, додавајќи дека мечот меѓу Вајлдер и Жанг требало да биде за некаков појас:

„Не е особено важно, но секогаш е подобро двајца борци да се борат за некаков појас. Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија сака да боксира за појасот“.

Околие дополнително објасни што мисли и дополнително ја прошири листата на неговите потенцијални противници.

„Кога зборуваме за килограмите, Вајлдер е блиску до категоријата бриџер, исто како и Усик. Ако Усик одлучи да биде светски првак во три категории, еве му можност да го стори тоа“, изјави шампионот во категоријата бриџер на ВБЦ, додавајќи:

„Чувствувам дека сите други добија шанса освен мене. Сакам меч против Усик, тој е сензационален и многу талентиран борец. Но, ги имам вештините на боксер со кој тој не се борел долго време. Би сакал, ако сака да биде светски првак во три категории, можеме да го направиме тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON