Новиот шампион го симна Џошуа од врвот на ранг-листата на „Ринг“, а број 1 е Тајсон Фјури

Боксерската библија – магазинот „Ринг“ – направи сериозни промени на ранг-листата во тешка категорија по историската изненадувачка победата на Енди Руиз Јуниор (33-1, 22 КО) со технички нокаут против досегашниот шампион на три од четирите федерации Ентони Џошуа (22 -1, 19 КО).

Британската суперѕвезда ја предводеше листата на „Ринг“ до несреќното деби на американска тло, иако не беше удостоен со престижниот шампионски појас на списанието. Во новата ранг-листа Џошуа е симнат од првата позиција, но не од Руиз Јуниор, туку од Тајсон Фјури.

https://twitter.com/Tom_Gray_Boxing/status/1136522525595316224?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1136522525595316224&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D789179

„Од една страна, Руиз Јуниор заслужува да е пред досегашниот лидер Џошуа, но од друга страна, не може да се пофали со постигнувањата на поранешниот шампион на „Ринг“ Тајсон Фјури и шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер“, пишува во обајснувањето на магазинот.

Пртоа се соопштува многу важна вест – ако Вајлдер и Фјури имаат реванш во 2020 година (или кога и да е), тогаш појасот на „бокс библијата“ во категоријата ќе му биде доделен на победникот, а таква опција не е постоеше немаше за Џошуа во неговото досегашно „владеење“ во категоријата. Токму Фјури е новиот лидер во ранг-листата на „Ринг“, го следи Вајлдер, а Руиз Јуниор веќе е во топ 3, а Џошуа падна на четвртата позиција. Списанието, исто така, повикува на реванш меѓу Мексиканцот и ЕЏ.

Бугаринот Кубрат Пулев кој е во разни комбинации за предизвикувач за една од титулите е десети.

Топ 10 според во тешка категорија според „Ринг“:

https://twitter.com/BTSportBoxing/status/1136553682579939330?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1136553682579939330&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D789179
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON