Новиот претседател на боксот ќе биде избран на вонреден Конгрес наесен

Управното тело на аматерскиот и до неодамна олимписки бокс – Меѓународната боксерска федерација (ИБА) ќе одржи нови избори за претседател на организацијата.

Пред само две недели Арбитражниот суд во Лозана повика на вакви дејствија, откако стана познато дека последните избори во мај се одржани незаконски.

Во мај Русинот Умар Кремлев беше реизбран за претседател на ИБА, но неговиот избор беше проследен со скандали и сериозни сомнежи за корупција. Кремлев, кој до пред неколку години беше на чело на Руската боксерска федерација, беше единствениот примен кандидат.

Холанѓанецот Борис ван дер Ворст изрази желба да се кандидира за функцијата, но ден пред изборите не му дозволиле од Независното боксерско тело за интегритет со изговор дека водел кампања надвор од дозволениот рок.

По последната седница на Управниот одбор на ИБА, беше одлучено следниот вонреден Конгрес да се одржи во периодот 24.09-1.10. Засега борбата за функцијата ќе се води само меѓу Кремлев и Ворст, но можно е во трката да се приклучат и други кандидати.

Се уште не е познат точниот датум на изборите и местото на одржување на Конгресот. Сето ова се случи само една недела откако МОК и забрани на боксерската федерација да организира втор последователен олимписки турнир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON