Кубрат Пулев премногу се опушти по последната победа и тоа можеш скапо да го чини.
37-годишниот Бугарин минатиот викенд во Калифорнија во своето американско деби го нокаутира Романецот Богдан Дину.
По борбата и даде интервју на Џенифер Равало (Џени Суше) и на крајот на разговорот изненадувачи ја бакна новинарката во уста.
Иако разговорот заврши со насмевка и Бугаринот подоцна изјави дека таа му е пријателка и дека се било на шега, се чини дека новинарката не мисли така.
Таа ја ангажирала адвокатката Глорија Алред, која била вклучена во значајни случаи на сексуално вознемирување.
„Можеби сте ја виделе снимката на која ја љубам новинарката по интервјуто по победата во саботата. Репортерката Џени е всушност моја пријателка и бев толку среќен по победата што ја бакнав. Подоцна таа вечер ни се придружи на мене и на моите пријатели на прославата за победата. На видеото се гледа дека по бакнежот и двајцата се насмеавме и се заблагодаривме еден на друг. Навистина немам ништо повеќе од тоа“, објавен Пулев на Инстаграм.
https://www.youtube.com/watch?v=IED8pbnQlDg
.