Флојд Мејведер обвинет за милионска кражба

Најбогатиот спортист во светот за 2018 година Флојд Мејведер е обвинет за кражба во вредност од 3 милиони долари од поранешната свршеница Шантел Џексон.

Секс бомбата тврди дека легендарниот боксер собрал многу скап накит за кој има документи. Кражбата се случила по нивната разделба.

Џексон наведува дека Флојд и украл дијамантски прстен вреден 2,5 милиони долари, 10-каратни обетки од 250.000 долари, часовник 32.000, дијамантска нараквица 100.000, дијамантски ѓердан 20.000 и ѓердан од светски познат бренд од 21,000 долари. Меѓу украдените работи се уште неколку часовници, ѓердан и дијамантна манжетна.

https://www.instagram.com/p/Bvd2mJth6z-/?utm_source=ig_embed

Според медиумите во САД, најверојатно станува збор за накитот што Флојд и го подарил на поранешната свршеница, но по бројните скандали решил да си земе назад.

Судски случаи и спорови меѓу Шантел и Мејведер почнаа по завршувањето на нивната врска во 2014 година. Тогаш боксерот ја обвини поранешната свршеница дека му го украла паричникот со голема сума пари и кредитни картички кои потоа ги користела без дозвола. Подоцна следуваше нов напад од страна на непобедениот Мејведер, кој тврдеше дека неговата поранешна свршеница му ги прислушувала телефонските разговори и ги снимала. Според него, сето тоа го сторила, за да може да ги искористи по евентуална разделба меѓу нив.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО