Новинарката што го тужи Пулев истата вечер мешаше во скутот на член на неговиот тим (ВИДЕО)

Новинарката Џенифер Равало (Џени Суши) го тужи Кубрат Пулев поради тоа што ја бакнал без дозвола во устата за време на интервјуто по неговата победа против Богдан Дину.

Бугарскиот боксер по настанот изјави дека сè е на пријателска основа и не гледа ништо спорно во тоа.

Новинарката, од друга страна, ангажираше моќен адвокат Глорија Алред, кој профилира за сексуално вознемирување.

Спортската комисија на Калифорнија го суспендира Пулев и објави дека на инцидентот гледа многу сериозно.

Репортерката подоцна изјави дека боксерот ја фатил за газ.

„Во средината на интервјуто ме фати лицето и ме бакна. Веднаш почувствував шок и срам, не знаев како да реагирам. Потоа тргнав кон маса со цел да ги ставам работите во ранецот. Со двете раце ме фати за задникот и ме стисна. Потоа се насмеа и си отиде без збор. Бев на настанот и го покривав бокс мечот како професионален новинар. Да љубиш жена во уста без согласност и да ја фаќаш, не е прифатливо. Ниту една жена не треба да се третираат на таков начин“.

Равало рече дека била поканета на забавата по борбата „каде што имала прилика да интервјуира други борци“. Вели дека Пулев се појавил на самиот крај на вечерта и дека однесувал како ништо да не се случило, но дека подоцна побарал бакнежот да го тргне од интервјуто, а таа го одбила тоа.

Сепак, снимките објавени од помладиот брат на Кубрат Тервел откриваат дека однесувањето на новинарката било далеку од професионално. Објавената снимка на која Равало на забавата по борбата, односко по спорниот бакнеж, танцува во скутот на член од тимот на Пулев, додека боксерот може да се види како седи во близина.

Девојката на Пулев стоеше покрај него и рече дека не гледа ништо спорно во неговиот потег.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON