Новинар го напдна Мек Грегор во Москва (ВИДЕО)

Конор Мек Gрегор во Москва предизвика нов инцидент, но овојпат може да се каже дека тој воопшто не беше виновен. Ирскиот борец е во Русија, каде најави дека очекува нова борба против Хабиб Нурмагомедов.

Повеќе од 200 новинари присуствуваа на прес-конференцијата на која беше најавено дека Мек Грегор очекува реванш против Нурмагомедов од кого загуби минатата година. Запрашан дали би сакал да го посети Дагестан, земјата во која е роден неговиот голем ривал, Мек Грегор одговори во свој стил со многу провокација.

„Не би отишол таму, дури и да морам да одам во тоалет“, рече Мек Грегор, со што го испровоцира новинарот од Дагестан. Неколку секунди подоцна кон Ирецот беше фрлено со шише со вода, кое за среќа не повреди никого.

https://www.youtube.com/watch?v=FDcIGPGypsk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON