Весели и Османи ги завршија настапите на Светското првенство во Чиле

Денеска од Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Сантјаго,Чиле, нема радостни вести и двајцата наши каратисти загубија и не добија можност ниту за репасаж, бидјеќи нивните противници беа поразени во наредните мечеви.

Доан Османи во првото коло извојува победа, но во второто беше поразен. Нашиот адут за медал Фаик Весели во првото коло од Србинот Јован Чириќ. Ова се дебитантски настапи во оваа конкуренција на Османи и Весели, каде што конкуренцијата е многу силна.

На СП во Чиле остана да настапат уште Вероника Костовска (-61 кг) и Ангела Мојсовска (-68 кг).

Да потсетиме дека Бојан Костов (-52 кг) освои бронзен медал во кадетска конкуренција, а Александар Неделковски беше петопласиран во кати за јуниори, што е најдобар резултат на свтеските првенства на некој наш каратист во кати.

Резултати

67 кг

Фаик Весели – Јован Чириќ (Србија) 0-1

75 кг

Доан Османи – Хамза Абулеифа (Палестина) 4-0

Доан Османи – Мадс Ларсен Виберг (Данска) 1-3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО