Френк Мир по втор пат го победи Рој Нелсон (ВИДЕО)

На првиот од двата настани на Белатор овој викенд, Френк Мир (19-13) по втор пат го совлада Рој Нелсон (23-18).

40-годишниот поранешен шампион во тешка категорија на УФЦ во Анкасвил го порази три години постариот Нелсон како и во првата борба во 2011 година со едногласна одлука.

Мир со овој успех ја прекина серијата од четири порази, додека на Нелсон ова му беше четвртиот последователен пораз.

Поранешниот шампион на Белатор во полутешка категорија Фил Дејвис (21-5-1НЦ) со удари во партер во третата рунда го заврши Швеѓанецот Карл Албрексон (9-3).

https://www.facebook.com/BellatorMMA/videos/3267846336621724/
https://www.facebook.com/BellatorMMA/videos/409566723015080/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО