Нејт Дијаз е чист! Меч со Масвидал ќе има!

Нејт Дијаз доби дозвола од Американската антидопинг агенција (УСАДА) за борба во главниот настан на УФЦ 244, што ќе се одржи на 2 ноември.

Потсетуваме дека Дијаз беше тргнат од борбата откако имаше допинг тест, од што се дозна дека ги користел популарните САРМ.

Сепак, УСАДА детално го испита случајот и потврди дека Дијаз добил решение следниот месец да се бори во Њујорк. Таму ќе се соочи со Хорхе Масвидал за титулата „најлошо копиле“.

По деталното испитување, се покажало дека користел мултивитамински додаток кој бил загаден и предизвикал нарушувања во тестирањето.

На крајот, УСАДА е на мислење дека не ги прекршил правилата за анти-допинг и нема да биде предмет на какви било санкции.

Излегува дека е откриен модулатор LGD-4033 во толку мала количина што не може да влијае на спортските перформанси на борецот. Кај Дијаз е откриено 10.000 пати помало количество од стандардната терапевтска доза, но тоа беше доволно за да го набљудуваат преку допинг тест.

https://www.youtube.com/watch?v=fKk3y_E3VdE
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО