Нов успех на Адил Адили-бронзен медал во Холандија!

Adil Adil vo Holandija

Нов успех на Адил Адили. Денес во Холандија на Меѓународен турнир Адили го освои бронзениот медал во сениорска конкуренција до 65 килограми во градот Ландграф.

Адил извојувал четири победи и забележал еден пораз. По Нордискиот систем му припадна третото место.

Адили живее во Франција и тренира под стручен надзор на неговиот татко Хамди Адили. Адил се бори да си го обезбеди местото во сениорската репрезентација на Македонија, иако годинава негова превнствена цел е младинската репрезентцаија и Светското првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО