Поранешниот светски шампион во тешка категорија Владимир Кличко е во нокаут на личен план. Украинецот до неодамна изгледаше како да е врвот на среќата со успешната кариера и здравото семејство, но загуби сè.
Откако престана со боксот, Кличко во почетокот на месецот се раздели со актерката Хајден Пенетир, а сега е дотепан од поранешната партнерка бидејќи му ја зема 3-годишната ќерка Каја од нивниот дом во Лос Анџелес.
Лошата вест за Кличко е дека девојчето наскоро може да има нов татко, откако Пенетир беше фатена во близина со непознат маж, а некои тврдат дека нивната врска не е само флерт.