Нов шок! Вердум ја откажа борбата против Миочиќ!

Fabricio-Werdum1

Само по еден ден откако му се исполни сонот на Стипе Миочиќ да се бори за титулата на УФЦ, сето тоа падна во вода, по откажувањето и на Фабрицио Вердум од УФЦ 196. Во интервју за ММА Час рече дека веќе од порано бил повреден.

Навистина шокантната вест Вердум ја кажа во текот на вечерашнава емисија на ММА Час, Ариел Хелвани. И УФЦ бил зивестен, така што нем ада има борба за титулата U во тешка категорија. Нешто повеќе за причините за откажување, ги кажа самиот Вердум:

„Уште од порано бев повреден, имам повреди на стапалото и во последните две недели не можев да удирам со ногата. Како и да е, се мислев за борбата против Каин, бидејќи претходниот пат бев повреден, дополнително го повредеив грбот во петокот. Го посетив  лекарот и одлучив да се обидам да продолжам со тренинзите, но не бев во можност да спарингувак како што треба“.

Откако е Ариел Хелвани го праша дали причина за откажувањето е промената на противникот, Вердум се обиде да објасни што всушност доведе до оваа одлука и откажувањето на борбата.

„Одлучив дека нема да се борам затоа што не сум на 100 проценти подготвен. Ако ми беше противник Каин, ќе стиснев заби и ќе се борев. Но тоа не е негова или нечија грешка, повреди се случуваат и не можеш да ги избегнеш. Немав други опции, оваа одлука ја донесов со мојот тим. Не сум на 100 отсто и не можам да се борам. Ме нема мене, го нема Каин, нема борба“.

Овие изјави се навистина голем израз на непочитување спрема Стипе Миочиќ, кој одлучи да скокне во борбата на само две недели пред одржувањето. Вака и УФЦ публиката повторно остана без борбата за шампионската титула во тешка категорија. Во текот на 2014 и 2015 година одржана е само една борбата за титулата во тешка категорија и еден за привремен првак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON