Мартин Стојменов спортист на Кочани, а КК Партизан доминантен

Martin Stojmenov so peharot vo dubrovnik

Мартин Стојменов е избран за спортист на Кочани за 2015 година. Каратистот на Партизан по четврти пат едноподруго го добива највисокото спортско признание.

Стојменов (-60 кг) на Балканското првенство за јуниори до 21 година го освои сребрениот медал, а по сите анализи му беше украден златниот.

Dimitar Jakimov na 13 noemvri piedestal

Веднаш зад него се пласираа неговиот клупски колега Димитар Јакимов, потоа гимнастичарот Петар Каров, фудбалерката Анета Ѓоргиева и кошаркарот Иван Серафимов.

Во категоријата млад надежен спортист годинава беше решено да влезат 12 членови од скоро сите клубови кои пријавија свои кандидати.

Карате клубот “Партизан“ чии членови во 2015 година освоија најмногу медали и признанија на домашните и меѓународните натпреварувања доби најмногу гласови во конкуренција за најуспешна екипа, а тренерот на КГС “Кочани“, Николче Колев е избран за најдобар тренер.

blaze so sportistot martin stojmenov

Признанието најдобар спортски работник за 2015 година постхумно му припаѓа на д-р Блаже Ѓорѓиев, како поранешен член на КК “Партизан“. На изборот едногласно беше решено, по повод 10-годишнината од формирањето и успешното работење на ЖФК “Кочани“ на неговиорт претседател Љупчо Папазов да му биде доделено посебно произнание за значајни постигања во спортот.

Доделувањето на наградите и признанијата за најуспешните во спортот во 2015 година е закажано за в петок, 29 јануари, во 19 ч. во ресторанот „Национал“ во Кочани.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО