Нов имиџ на шампионот на УФЦ: Јиржи Прохаска си го отсече опавчето (ФОТО)

Јиржи Прохаска ја освои титулата за само три борби за најголемата ММА организација. Тој го имаше своето деби во УФЦ во јули 2020 година кога го нокаутира Волкан Оездемир, а една година подоцна го победи Доминик Рејес на ист начин. Со овој триумф доби можност да се бори за титулата.

Чешкиот самурај ја освои титулата на УФЦ во полутешка категорија минатиот викенд со победата против Гловер Тешеира.

Во последната рунда Јиржи го искористи моментот и на 28 секунди пред крајот со завршница стигна до најголемиот триумф во кариерата.

Навивачите му приредија големо добредојде во Брно, а неколку дена подоцна го промени имиџот.

„Ја скратив косата затоа што на тој начин сакам да завршам едно поглавје од мојот живот. Сега почнувам повторно со нова енергија и на нов бран. Искрено“, напиша Јиржи Прохаска под фотографијата направена во моментот кога си го отсече опавчето на главата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ariel Helwani (@arielhelwani)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО