Нов огромен меѓународен успех за македонскиот боди-билдинг и повторно ново признание за нашата најдобра натпреварувачка во овој спорт, Мери Акиевска.
23-годишната спортистка од Крива Паланка освои ново злато и сребро на Светското боди-билдон првенство кое што се одржува во Јужна Кореја. Таа во јуниорска конкуренција во категоријата велнес-фитнес повторно ја покажа својата класа и го одбрани златниот трофеј со кого се закити минатата сезона во Санта Сузана во Шпанија.
Одличните резултати беа крунисани со нов медал, овој пат сребрен во сениорска конкуренција. Мери Акиевска е член на Фитнес центарот Магнус, со кој потстигнува забележителни резултати.