Нов боксерски спектакл: Џошуа го прифати предизвикот на Вајлдер

Ентони Џошуа го прифати предизвикот на Дионтеј Вајлдер меч за обединување на сите титули во супер тешка категорија.

Тие изминатите две недели ги одбранија своите титули. Џошуа го совлада Карлос Такам со технички нокаут во 10-тата рунда, а Вајлдер со нокаут во првата рунда го преслуша Бирмејн Стиворн.

Вајлдер веднаш по победата го предизвика Џошуа на меч за сите титули, а по неколку дена Британецот го прифати предизвикот. Џошуа ги држи титулите во ИБФ и ВБА верзијата, додека Американецот го има појасот во ВБЦ.

Познато е дека мечот ќе се одржи во 2018 година, но засега не се знае точниот датум и локацијата на борбата. Преговорите помеѓу двата табори започнуваат денеска.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО