Нокаутирачкиот удар на Кличко тежел 450 килограми

pulev otecen

Откако стана јасно дека Кубрат Пулев бил нокаутиран со удар потежок од 200 килограми, „Билд ам зонтаг“ објави и колку било ѕверско крошето на светскиот шампион Владимир Кличко, со кое го нокаутираше Пулев.  

Со борбата на 15 ноември Украинецот одбрани една од титулите (ИБФ), за која предизвикувач беше Пулев. Натпреварот заврши со нокаут во 5 -тата рунда.

Сепак, Кубрат претрпел страшно кроше. Кличко, со десната рака, го удрил Пулев со огромна тежина од 450 килограми, пишува „24 часа“.

Тешко дека некој друг боксер би продолжил да се боксира по такво нешто, коментираат во Германија .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО