Нокаут поради кој интернет издаде потерница по Едсон Барбоза (ВИДЕО)

Повеќе од две ипол години чекавме да Едсон Барбоза да заврши борба и навистина се исплатеше.

Петорангираниот борец на УФЦ во лесна категорија и еден од најдобрите „напаѓачи“ во спортот минатиот викенд на УФЦ Фајт најт 106 во Форталеза за забележа својата 11 победа со нокаут завршувајќи го Бене Дариуш со спектакуларно летечко колено во втората рунда (03:35).

Со прекрасниот потег 31-годишниот Бразилец го здебели својот хонорар за дополнителни 50.000 долари, што е трет бонус за него во последните пет борби.

Така Барбоза славеше трети пат по ред, по победите над (со одлука) на Ентони Петис и Жилбер Мелендез.

https://www.instagram.com/p/BRiy_fwlKCK/?taken-by=thefightgamemma

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО