Нјет Дијаз: Нема да се борам со Конор Мек Грегор

Нејт Дијаз нема интерес да се бори со Конор Мек Грегор. Неодамна од штабот на Ирецот соопштија дека се заинтересирани за трилогија со Дијаз. Во минатото си разменија по една победа. Така, трилогијата е неизбежна, но во моментов Нејт нема интерес.

36-годишниот Американец сака да го види Мек Грегор како победува во кафезот. Дијаз се сомнева дека Конор може да се бори и треба прво да се докаже, па дури потоа ќе добие шанса за трета битка со големината на Дијаз.

Нејт е во серија од два последователни порази и во јуни загуби со одлука на судиите од  Леон Едвардс. Тој загуби 3 од последните 4 борби во УФЦ, а има 20 победи и 13 порази во кафезот. На својот профил на социјалните мрежи, Нејт изјави:

„Нема да се борам со Конор Мек Грегор додека неговите нозе не пораснат и тој не победи, за да видам дали сè уште може да се бори. УФЦ, може ли да се борам во јануари? Благодарам!“, напиша Дијаз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО