Ништо од мечот меѓу Џошуа и Вајт, Херн откри кој е новиот потенцијален противник на Еј Џеј

Британската боксерска пресметка меѓу Ентони Џошуа и Дилиен Вајт нема да се одржи.

Промотерот на Џошуа, Еди Херн, пред неколку месеци изјави дека Еј Џеј оваа година го чекаат три меча, а еден од потенцијалните противници бил Вајт.

Неодамна во медиумите беше објавен можниот датум на нивната борба на 12 август, но сопственикот на Мечрум бокс открива дека Дилиен нема да биде следниот противник на Џошуа.

Херн истакнува дека Еј Џеј се надева на меч во истиот датум, а противник би можел да му биде непоразениот Агит Кабајел и ги демантира медиумите дека Вајт побарал десет милиони фунти.

Германскиот борец со курдски корени последниот настап го имаше во март, кога со прекин во третата рунда го совлада хрватскиот тешкаш Агрон Смакиќи. Кабајел ја освои титулата европски шампион на ЕБУ.

Меѓу 23-те досегашни победи на Кабајел најмногу се издвојува онаа од ноември 2017 година кога со мнозинска одлука го совлада Дерек Чисора.

Кабајел е рангиран на 30-тото место во рангирањето на Боксрец, а на 10-тото место на ИБФ рангирањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО