Ништо од борбата Мејведер – Насукава

Не траеше долго.

Во понеделникот, беше објавено дека Флојд Мејведер ќе се бори против Теншин Насукава за Нова година на Ризин.

На прес-конференцијата во Токио не беше откриена по кои правила ќе се борат, но јапонските медиуми објавија дека Американцот можел да смета на профит нешто помалку од 90 милиони американски долари.

Ништо од тоа.

„Сега, кога повторно сум на американска тло, по долгиот и разочарувачки пат во Токио, имам време да ви се обратам, на навивачите и медиумите во врска со претстојниот настан на 31 декември кој неодамна беше најавен“.

„Прво и основно, сакам да бидам јасен. Јас, Флојд Мејведер, никогаш не се согласив на официјален натпревар со Теншин Насукава. Со сета почит спрема него, немав слушнато за него до неодамнешната посета на Јапонија. На крајот, ме прашаа дали ќе учествувам во деветминутна егзибиција во три рунди против противник кој ќе го избере Ризин фајтинг федерацијата.

„По првата информација што ја добив од Брент Џонсон од ОНЕ ентертејмент е дека се работи за егзибиција за мала група на богати гледачи за многу голема сума. Оваа егзибисија е наречена „посебна борба“, чисто од маркетиншки причини и без никаква намера навистина да биде службен настан и да биде пренесувана во целиот свет“.

„Кога пристигнав на прес-конференцијата, мојот тим и јас целосно се исфрлени од патот со нова насока во која тргна овој настан. Требаше веднаш да ја сопреме. Сакам да се извинам искрено на своите фанови за информациите објавени на прес-конференцијата кои наведуваат на погрешни заклучоци. Ве уверувам дека ниту јас не знаев за одлуките кои се донесени без моја согласност и одобрување“.

„Поради неколку фанови кои допатуваа од сите краеви на светот не сакав да се создадам голема збрка со оспорување на она што беше речено и зардаи тоа навистина ми е жал“.

“Јас сум пензиониран боксер кој заработува неспоредливи пари во светот за појавувања, говори и повремени мали егзибиции“.

https://www.instagram.com/p/Bp49AUphcLu/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО