АктуелноДомашна сценаММА

Нинџицу клубот Битола прв во екипна конкуренција на Октагон граунд атак челинџ Солун

Нинџицу клубот Битола го освои првото место во екипна конкуренција Октагон граунд атак челинџ Солун во конкуренција на 40 тимови (разни школи).

Со 17 члена екипа (што е 30-40% од натпреварувачкиот тим), без најискусните и најдокажани нивни натпреварувачи, Битола (во Солун настапуваше како Граунд фор паунд) освои 13 – медали – 8 златни, 2 сребрени и 3 бронзи, или, поинаку кажано, 22 победи и 10 порази.

„Ова е уште еден доказ за тимот што не е во ниту една федерација, за тимот што се бори како знае и умее да обезбеди средства за натпреварувње (огромна благодарност до сите родители и борци), за екипата што е со години заборавена благодарение на нашата македонска спортска политика од нашите федерации и спортски институции… Ова е тим како дете избркано од мајка, но во кое има глад и желба да не застане“, вели Сашко Мирчевски и додава:.

„Ова е тим на вистински Македонци, со верба и вера, без политички определби и луѓе кои освен спорт и промоција на град и нашата Македонија друго не ги интересира“.

Ќе потсетиме дека пред недела клубот беше во Врање, Србија, каде со 5 ММА борци извојуваа 5 победи со завршница уште во првата рунда.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON