Поранешниот шампион во тешка категорија во бокс Николај Валуев призна дека се бори со подмолна болест. Секој месец поминува низ терапија за отстранување на мозочен тумор. Тој бил подложен на две хируршки интервенции во Германија, но и покрај тоа продолжува со терапијата.
„Болеста е смртоносна, треба да биде локализирана што е можно побрзо. На два пати бев опериран во Германија, но и покрај тоа лекувањето не заврши до крај. Во Русија лекарите не се осмелуваат да ме оперираат и затоа поминувам секој месец на терапија“, коментира големиот шампион во интервју за ТВ Централ.