Никола Гицев го освои „Трофеј штипски боречки асови“, Зоран Шоров и Бојана Ковачова се најдобри домашни борачи

Никола Гицев го освои „Трофеј штипски боречки асови“, додека Зоран Шоров е најдобар домашен борач, а Бојана Ковачова е најдобра борачка, најдобар техничар е Христијан Димитриев, Ѓорги Ицов од Бугарија е најдобар странски борач на Меѓународниот турнир „Трофеј штипски боречки асови” што се одржа денес во Штип.

На турнирот настапија 125 борачи од Македонија, Бугарија, Романија и Косово.

Борачите на Балканец кој беше домаќин на турнирот ги постигнаа следните резултати:

Пионери (У-15)
48 кг Андреј Мишев – трето место
52 кг Никола Гицев – прво место
68 кг Зоран Шоров – прво место
85 кг Христијан Димитриев – прво место
50 кг Бојана Ковачова – прво место
62 кг Викторија Ѓурова – трето место

Деца до 12 години
25 кг Лука Николов – трето место
48 кг Никола Пешев – второ место
48 кг Михаил Георгиевски – трето место
52 кг Давид Тасевски – трето место
52 кг Кристијан Миташев – трето место

Ревијални натпревари за почетници
22 кг Марко Јорданов – прво место
22 кг Зоран Тасев – второ место
22 кг Божидар Богданов – трето место
22 кгЈован Данилов – трето место
22 кг Марко Стоилков – трето место
70 кг Дарио Николов – прво место
70 кг Самед Џеладинов второ место
70 кг Сабедин Дурмишев – трето место
83 кг Теодор Ордев – прво место
83 кг Дарио Коцев – второ место
83 кг Саамед Дурмишев – трето место
26 кг Лана Николова – второ место

Екипата на Балканец ја предводеа тренерите Мики Тодоров, Давор Тасев и Константин Шоров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО