Никола Димитријев смета дека во 2020-та ќе биде негова година, првиот предизвик е Државното првенство

Никола Димитријев од Балканец на Изборното првенство во Скопје го освои второто место, откако во финалето во категоријата до 97 килограми ја преде борбата поради повреда на Рамазан Бакија. Во првите две средби имаше имопресивен настап, прво го тушира Никола Атанасов од Бучим, а потоа на поени го совлада Бесник Лимани од Чаир.

Димитријев е мотивиран годинава да стане борј 1 во неговата категорија и првата шанса за ревнаш против Бакија ја гледа на Државното првенство за три месеци.

„Иако работам секогаш наоѓам време за тренинзи и сметам дека оваа година ќе ги покажам моите квалитети, бидејќи се уште сум млад. Се надевам дека ќе бидам добра со здравјето, без повреди, за да триумфурам на Државното првенство“, вели Димитријев.

Тој вели дека од големо значење за него е враќањето во матичниот клуб Балканец, каде што тренирал 14 години, а една година поминува и месниот ривал Олимпија.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON