Никола Арсов: Овој „Свети Никола“ ми е порадосен со трофејот „Јордан Мијалков“!
Никола Арсов од БК Пинк Пантер по втор пат го освои Меморијалниот меѓународен боксерески турнир „Јордан Мијалков“, иако вниманието беше светрено кон нашиот најдобар боксер Гоце Јанески и српскиот репрезентативец Александар Костиќ.
„И покрај големата конкуренција и многу поискусните боксери, сепак се надевав дека можам да го повторам истиот успех, а во тоа ми помогна и мојата незаменлива публика“, вели Никола Арсов за Ipon.mk.
Триумфот му го разубави и именденот, зашто беше остварен вечерта кога се слави големиот празник „Свети Никола“.
„Можам да кажам дека овај „Свети Никола“ ми е порадосен со трофејот „Јордан Мијалков“, вели Арсов.
Во март почнува Региналната боксерска лига во која претставник од нашата земја е неговиот клуб – Пинк Пантер. Арсов треба да биде еден од столбовите на клубот, но скекао дека за него настапите во лигата на клубовите поранешна Југославија ќе значат и поголемо искуство и подготвка за големите меѓународни настапи.
„Во Регионалната лига очекувам многу повеќе борби и повеќе успеси“, децидно изјави Арсов.
Ipon.mk/В.Д.





