Никола Ангеловски избран за Спортист на годината на Ханау за 2019-та

Никола Ангеловски е избран за Спортист на годината 2019-та во Ханау, Германија. Ангеловски кој по потекло е од Куманово минатата година стана светски првак во џиу – џицу.

Ангеловски на Светското првенство во џиу џицу в Абу Даби извојува три ефектни победи во категоријата до 69 килограми до 21 година.

На патот до златниот медал Ангеловски во првата борба славеше против Холанѓанец 14-12,потоа над Австралијанец 13-12 и во финлето го победи Казахстанецот со 14-12.

Ова беше голем успех за младиот Македонец кој настапува за германската репрезентација, однонсо за ЏЏК Ханау.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON