Ники Холцкен салвеше со нокаут во дебито за ОНЕ Чемпионшип (ВИДЕО)

Ники Холцкен дебитираше за ОНЕ Чемпионшип во Џакарта.

Поранешниот шампион на Глори во реваншот по втор пат го победи Козма Александре.

34-годишниот Холанѓанец доминираше во борбата, а Бразилецот го заврши со аперкат пред крајот на втората рунда откако со заден директ го исфрли на жицата.

Во првата рунда го уриваше со висок удар, па со лево кроше.

Во првата борба во 2010 година во Ит’с Шоутајм во Амстердам, Холцкен славеше со одлука на судиите 4-1.

Со овој успех „Природиот“ ја прекина серијата од три порази.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=bujf9vGSh_k

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО