Ник Дијаз: Пак ќе го победам Роби Лоулер

На крајот на месецот легендата Ник Дијаз ќе влезе во кафезот за прв пат по скоро 7 години. 38-годишниот ветеран ќе се сретне со Роби Луолер. Тие ќе имаат реванш по цели 17 години.

Нивната борба ќе биде дел од борбената карта на УФЦ 266 што ќе се одржи во Вегас. Нивниот меч ќе биде во 5 рунди, иако нема да е за титулата. Ова е само втор пат во историјата на УФЦ да видиме борба закажана 25 минути без титула.

Ник е во серија од два последователни порази и нема победа веќе 10 години. Последен пат загуби од Андерсон Силва во 2015 година, но поразот е откажан. Ник има скор 26-9 (2) во ММА и завршува 21 од своите мечеви.

Во април 2004 година, Ник го победи Лоулер со нокаут во втората рунда. Сега верува дека е многу подобар од порано и предвидува уште една победа.

„Сега сум многу поопасен борец отколку што бев во првата борба со Роби Лоулер. Донесов правилни одлуки и чувствувам дека нема кој да ме спречи. Уште еднаш ќе го победам Роби Лолер“, вели Дијаз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON