Ник Дијаз: Некој ме дрогирал пред мечот со Жорж Сент Пјер (ВИДЕО)

Nick-Diaz

Истече Осумнаесетмесечната казна за Ник Дијаз за употреба марихуана, сега повторно има право да влезе во октагонот и да потсети на своите можности.

Дијаз веќе беше предизвикан од новиот шампион во полусредна категорија, Тајрон Вудли, а неговиот одговор беше елоквентен – „направи понуда која не можам да ја одбијам“.

Се смета дека пред Дијаз стои можноста и за втор меч против легендата Жорж Сент Пјер, за кого не е тајна дека размислува за враќање во октагонот.

Тие се сретнаа на УФЦ 158 во 2013 година, а ГСП ја задржа титулата со судиска одлука. Сепак, Ник Дијаз, шокантно изјави дека бил дрогиран пред средбата.

„Кога се борев со Жорж Сент Пјер во Канада, пред сè, некој ме дрогирал пред мечот. Тој не успеа да дојде до потребната килажа. Комисијата дојде кај мене и ми рече дека тој нема да ја има потребната тежина и без разлика дали зборуваме за половина килограм или не, тоа не е важно. Во Лас Вегас, каде што требаше да се одржи мечот, тие немаше да не тестираат само за допинг, но тој требаше да треба до крај да ги реши килограмите“.

https://youtu.be/r8_5TzDJeGs

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON