Ник Дијаз: Хабиб е досаден, луѓето не сакаат да го гледаат (ВИДЕО)

Скандалозниот американски ММА борец Ник Дијаз го определи стилот на Хабиб Нурмагомедов како здодевен. Русинот претпочита борбата да ја води во партер, а не секогаш е агресивен со ударите. Тој претпочита да ги задржи неговите противници и да не им дозволи да се исправат.

За време на борбата со Конор Мек Грегор навивачите неколку пати почнаа да го исвиркуваат недостаток на акција

„Конор не личеше на себе во мечот“ – смета Ник Дијаз, чиј брат Нејт има два епски дуели со Ирецот.

„Дефинитивно тоа не беше 100 отсто од Мек Грегор. Навивав за него, зашто ми скисна да ги гледам борбите на Хабиб. Неговиот стил е здодевен и грд. Навивачите сакаат шт помалку да гледаат борба со одбранбен стил. И јас и брат ми можеме да го победиме Нурмагомедов. Проблемот е само во категоријата. ”

Во минатото браќата Дијаз се имаат спречкано со Нурмагомедов и неговата дагестанска група.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО