Френсис Нгану го доби најдебелиот хонорар од сите учесници на гала вечерта УФЦ 270. Светскиот шампион во тешка категорија победи во 5 рунди против предизвикувачот Сирил Ганe во многу очекуваната пресметка. Натпреварот беше на врвот на програмата во Лос Анџелес, а Pредаторот се очекува да си замине со највисоката награда од сите.
Се проценува дека Нгану за својот настап ќе добие чек од 600 илјади долари. Сумата е фиксна и однапред е договорена според договорот на Камерунецот. Ова беше последен меч на шампионот под договор со УФЦ, а тој е во процес на преговори за нов.
Нгану сигурно ќе се обиде да обезбеди подебели бонуси кои се приближуваат или надминуваат еден милион американски долари. Сепак, Дана Вајт во моментов не изгледа наклонет кон таков договор и не случајно не му го предаде појасот на шампионот по мечот со Гане.
Французинот, пак, гала вечерта ја напушти со првиот пораз, но и со чек од 500 илјади долари. Ова е втора најсолидна награда што ја дава УФЦ за целата програма.
На третото место е поранешниот шампион во мува категоријата – Брендон Морено. Мексиканецот заработи 250 илјади долари – од нив 200.000 под договор и дополнителни 50 илјади како бонус за „Меч на вечерта“. Победникот на настанот, Дејвисон Фигуередо, кој си го врати појасот, доби 200.000 (150 хонорар и 50.000 бонус).
Тоа се единствените борци кој ја поминаа границата над 100.000 долари на УФЦ 270. Најблиску до неа е братучедот на Хабиб, Саид Нурмагомедов, кој заработи 75.000 долари, 25.000 по договор и уште 50 како хонорар за најдобар настап во победата над Коди Стаман. Бонус (50.000) ќе добие и Ванеса Демопулос која ја победи Силвана Гомез. Така таа заработи вкупно 62 илјади долари.