Нгану за Дана Вајт: Не е среќен, бидејќи не може да ме контролира

Френсис Нгану не ги крие чувствата кон својот работодавец Дана Вајт и неговиот договор со УФЦ.

Камерунецот во јануари ја одбрани титулата во тешка категорија против привремениот шампион Сирил Гане. Претходно најави дека преговорите меѓу него и УФЦ за нов договор не одат најдобро. Нгану рече дека се чувствува непочитуван од организацијата. Кога Нгану ја освои титулата, Вајт не беше ниту во салата. Борецот потоа беше опериран на коленото, а преговорите за договорот се уште се во застој.

Традиционално, Дана Вајт секогаш го става шампионскиот појас околу половината на победниците во шампионските битки. Но, тоа не се случи на средбата на Нгану.

„Се чувствував среќен. Затоа што ја бранев својата позиција. Тој јасно разбра за што зборувам, за што се борам… Не беше среќен затоа што не можеше да ме контролира и беше лут бидејќи работите не одеа како што тој сака… Јас бев победникот. Зошто да бидам лут?“, рече Нгану

Шампионот рече дека многу други борци во редовите на УФЦ се чувствуваат сопственост на компанијата, но се плашат отворено да го кажат својот став.

Нгану изјави дека се обидел да преговара за нормални услови за себе, но се чувствувал уценет.

„Тешко е за борец да одбие договор со УФЦ, дури и ако тоа не е добро за него. Повеќето борци имаат уште два или три меча од договорот. Имаат 18 месеци. Но, постои можност УФЦ да го продолжи нивниот договор за не причина… Тоа не е договор, тоа е сопственост… Не сакав целата оваа расправија да излезе во јавност. Мислев дека можеме да се разбереме зад сцената. Но, тука почнаа да ме уценуваат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО