Нгану за борбата со Миочиќ ќе заработи половина милион долари


Френсис Нгану откри колку ќе заработи во борбата за титулата во тешка категорија викендов во Бостон против Стипе Миочиќ.

За неговата седма борба во УФЦ, француско-камерунскиот борец ќе добие 500.000 долари.
Пред да се пресели во Франција Нагну  работел како ѕидар.

Во ММА дебитираше во 2013 година, а сите негови шест борби во УФЦ ги заврши со прекин.

Иако е предизвикувач, обложувалниците му даваат блага предност на Нгану во однос на Миочиќ.

Нгану го објави износот гостувајќи во ток-шоу.

„Мора да сфатите дека мојот пробив беше многу брз, но бројките не го следеа тоа“.

За борбата со Андреј Арловски, Нгану доби 38.000 за настап и толку за победа. Благодарение на неговата изведба, доби бонус од 50.000 долари.

Се претпоставува дека за борбата со Алистер Оверем добил 40.000 за настап и исто толку за победата, но му е ветена и дополнителна исплата.

Миочиќ за освојување на титулата против Фабрицио Вердум заработи вкупно 210.000 долари (65.000 за настап, 65.000 за победа, бонус 50.000 и 30.000 од Рибок).
За последната одбрана на титулата против Жуниор дош Сантос доби 690.000 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON