Нгану: Стипе направи грешка, веројатно мислеше дека сум здрман

Френсис Нагану е новиот шампион на УФЦ во тешка категорија. Камерунскиот нокаутер го победи Стипе Миочиќ со нокаут во втората рунда на УФЦ 260 во Лас Вегас и го освои појасот.

„Како да ги опишам чувствата што сега минуваат во мене. Долго чекав на можноста да го напрвам тоа, успеав да станам шампион и да ги замолчам сите критичари кои се сомневаа во мене. На сите им докажав дека сум достоен за титулата“, рече Нагану и додаде:

„Се сеќавам на првата борба со Стипе откако се случи, научив многу од неа. Од тој ден чекав можност да се вратам, да покажам дека можам да победам и денес успеав. Научив лекции од таа борба и се вратив посилен“.

Камерунецот е убеден дека Миочиќ погрешно ја проценил неговата состојба и нападнал.

„Тренерот со денови ми велеше да се смирам. Кога Стипе започна да удира, се концентрирав и ја поздравив грешката на Миочиќ. Започна со мене, претпоставувам дека мислеше оти сум здрман, го препознав тоа и ја завршив борбата. Пред борбата, ги проучував сите детали од борбата на Миочиќ“, истакна Нгану и одговорив на повикот на Џон Џонс:

„За мене, Џон Џонс е најголемиот борец на сите времиња и сум почестен што бара борба со мене. Подготвен сум во секое време, можеме да се бориме веќе во април“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО