Френсис Нгану (11-1, 6-0 УФЦ) многу брзо го помина патот од непознат борец до УФЦ предизвикувач за шампионската титула на УФЦ во тешка категорија.
31-годишниот Камерунец дури кон крајот на 2013 година ја почна ММА кариерата, а за десетина дена во Бостон ќе го предизвика шампионот на УФЦ, Стипе Миочиќ.
„Вие велите дека тој е шампион со причина, да првак е со причина. А причината е таа што вистински шампион се уште не е дојден. Сега кога вистински шампион е на пат Миочиќ нема долго да биде да биде првак“.
„Предаторот“ е роден во Камерун, а пред да се пресели во Лас Вегас живеел и тренирал во Франција. Вели дека успехот не го изненадил.
„Понекогаш ми се чини дека сето тоа е нормално, бидејќи верував во себе и пред дебитои во УФЦ. И пред да започнам да се занимавам со спорт верував дека можам да направам нешто големо. Ова е веројатно причината зошто почнав со MMA- кога имате тоа чувство кое не можете да и го објасните на другите, најдобро е да и покажете“.
Нагану е убеден дека ќе успее да го сопре Миочиќ, НЦАА борачот на 1-та дивизија, ако одлучи да се бори со него.
„Секак дека тој е добар борач. Но, малку со мојата техника и снага може да го запрам каде било и кога било. Ќе го сопрам секој негов обид. Секаде ќе поставам стапици, за да може самиот да се навлече во стапица“.
„Не сакам само да го победам Стипе и да станам шампион. Не, се радувам што ќе направам нешто навистина посебно. Не знам уште што, но можеби нешто што никој досега не го направил“.