Нгану се испроба во бејзбол (ВИДЕО)

Френсис Нгану, шампионот на УФЦ во тешка категорија, ја диверзифицираше својата рутина со присуство на меч во бејзбол од Големата лига. Камерунецот дури и се сликаше со некои од најголемите sвезди во светот на бејзболот – Шохеи Отани и Мајк Тру од Ангелите на Лос Анџелес.

Борецот го облече бејзбол дресот и позираше со двајца безбол играчи, а тие, пак, го ставија појасот на УФЦ.

Пред средбата на Ангелите Нгану излезе на теренот и се обиде со неколку фрлања, кои беа наградени со аплаузи од трибините.

Да потсетиме, пред околу еден месец стана јасно дека битката за титулата во тешка категорија меѓу актуелниот шампион на УФЦ, Френсис Нгану и предизвикувачот за појасот Дерик Луис ќе се одржи најмалку месец и половина подоцна од планираното.

Френсис Нгану ја освои титулата УФЦ во тешка категорија, брутално нокаутирајќи го поранешниот шампион Стипе Миочиќ во главниот меч на настанот УФЦ 260 што се одржа кон крајот на март.

Африканецот е во страшна форма откако ги доби последните пет борби на УФЦ со нокаут. Пред нокаутот против Миочиќ на почетокот на втората рунда, Камерунецот ги совлада Картис Блејдс, Каин Веласкез, Жуниор дош Сантос и Жаирзињо Розенструик. Победата над секој од нив беше постигнат за околу или нешто повеќе од 1 минута.

Вкупниот биланс на Предаторот е 16 победи и само 3 порази (од Дерек Луис, Стипе Миочиќ и Зумана Сисе). Тој ги постигна сите победи пред последниот удар во гонгот (12 со нокаут и 4 по поднесување).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО