Нгану прима удари во стомакот во стилот на Хари Худини (ВИДЕО)

Камерунскиот ѕвер и кандидат за предизвикувач за титулата во тешка категорија во УФЦ, Френсис Нгану уште еднаш покажа колку е силен објавувајќи видео на социјалните медиуми од подготовките за следниот предизвик во октагонот.

Нгану, кој претходно добиваше совети и од Мајк Тајсон за да ги подобри своите боксерски способности, овојпат учествуваше во предизвик со удари со ракавици.

Последниот меч на Нгану во УФЦ беше на 9 мај, кога стигна до 10-тата победа во УФЦ со нокаут над Жаирзињо Розенструик. Тој очекува реванш меч со шампионот во тешка категорија, Американецот Стипе Миочиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО