Нгану: Порано и подоцна ќе ме видите во боксерскиот ринг

Френсис Нгану е категоричен дека нема да се повлече од спортот додека не одржи барем еден професионален боксерски меч. Предаторот ќе ја брани титулата во тешка категорија на УФЦ против Сирил Гане утрото на 23 јануари. Мечот е последен во договорот на Камерунецот со најголемата ММА организација, а можно е после него да се фокусира на боксерските ракавици.

„Не се откажав од оваа идеја. Преговараме со УФЦ за мојот нов договор. Секако, доколку има, во него ќе има клаузула за мое учество во професионалниот ринг. Порано или подоцна ќе ме видите на него. Тајсон Фјури, Дионтеј Вајлдер, Ентони Џошуа, тоа се борбите што ги сакам. Нема да се повлечам пред да имам барем еден таков меч“, категоричен е Нгану.

Тој направи и кратка анализа на тешката категорија. „Тајсон Фјури е најдобар. Тој е најголемиот боксер во оваа ера и тоа го докажа на мечевите со Дионтеј Вајлдер. Што се однесува до него – тешки раце, кул, знае да ги загрева средбите, ми личи на Дерик Луис“, изјави Нгану.

За Џошуа, Предаторот рече: „Многу добар човек. Го следам многу долго време. Одличен боксер, вешт. Има солидна физика и се што ви треба. Не го познавам, но се покажа во рингот, а против Кличко покажа дека има силна брада, спротивно на мислењето на луѓето за него“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО