Љубителите на боксот неодамна беа воодушевени од веста дека Александар Усик и Тајсон Фјури договориле меч за обединување на шампионските појаси во тешка категорија.
Се чини дека борбата за апсолутен шампион треба да се одржи веќе во декември во Саудиска Арабија, а тоа деновиве го потврди и Кралот на Ромите.
А пред тој меч, шампионот на ВБЦ Фјури има борба против поранешниот УФЦ борец Френсис Нгану. Нивната борба ќе се одржи на 28 октомври исто така во Саудиска Арабија.
„Усик требаше да се бори со Фјури уште во април, а потоа се појавив и го добив мечот. Тајсон ќе се бори прво со мене, па затоа оваа борба е поголема од таа што следи“, рече Френсис Нгану и не му е важно што Кралот на Ромите веќе размислува за Украинецот:
„Не ми е гајле против кого Фјури ќе боксира подоцна, дали тоа ќе биде Усик или некој друг. Знам дека сите мислат дека неговиот меч за обединување против Усик е голема борба, но центарот на вниманието е на мене во моментов. Мојот натпревар против Фјури е поголем од неговата борба со Усик.
Што ако Фјури загуби од Нгану, тој пораз може да го загрози мечот против Усик.
„Тоа е нивен проблем, размислувам за мојата иднина. И мене ме чекаат натпревари. На почетокот на следната година ќе се борам во ПФЛ. Се уште нема најава, но сигурно ќе се вратам во октагонот“, нагласи Френсис Нгану.