Френсис Нагну за само две години од непознат борец се проби до предизвикувач на УФЦ во тешка категорија.
31-годишниот камерунско-француски борец вели дека по поразот од Стипе Миочиќ му е потребна пауза. Изгуби со едногласна одлука на судиите во мечот во кој во поголем дел од средбата беше во подредена позиција. По првиот пораз во 2013 година и вкупно вториот во кариерата, како и седум мчевии за нешто повеќе од две години, вели дека е време за одмор.
„Ќе земам одмор некое време што ќе го користам за мојот приватен живот, со тоа што ќе ги посетам семејството и пријателите. Потоа да се вратам и да ги покренам работите“, напиша на Твитер.