Нгану и Гане блеснаа на Тајмс сквер (ФОТО)

Френсис Нгану и Сирил Гане го осветлија најпознатиот плоштад во светот – Тајмс сквер, кој се наоѓа на Менхетен, Њујорк. Ова се случи неколку дена пред пресметката за апсолутната титула во тешка категорија на УФЦ.

Тие ќе се соочат во главниот меч на настанот УФЦ 270 на 22 јануари 2022 година во Хонда центарот во Анахајм, Калифорнија.

Нгану неодамна изјави дека Гане ќе го заврши до втората рунда. Гане, пак, изјави дека се надева на пресврт во борбата, што значи победа над шампионот.

„Од улица до врв“, напиша Камерунецот на Инстаграм.

Африканецот е во сраота форма откако победи на последните 5 меча со нокаут во УФЦ. Пред нокаутот против Миочиќ на почетокот во втората рунда, Камерунецот ги победи Картис Блејдс, Каин Веласкез, Жуниор дош Сантос и Жаирзињо Розенструик. Победата над секој од нив беше постигнат за околу или нешто повеќе од 1 минута.

Вкупниот биланс на Предаторот е 16 победи и само 3 порази (од Дерек Луис, Стипе Миочиќ и Зумана Сисе). Сите победи ги постигна пред финалниот удар во гонгот (12 со нокаут и 4 со принуда).

Сирил Гане (31) има биланс од 10 победи од 10 средби во професионалната ММА кариера. Французинот победи во 7 меча со завршница (4 со нокаут и 3 со принуда).

Борецот од 195 сантиметри започна со професионалците во 2018 година во ТКО ММА и по само три средби потпиша со УФЦ. Французинот од 2019 година има 7 последователни победи во најпознатиот ММА синџир.

Гане ги победи Рафаел Песоа, Донтаил Мајс, Танер Босер, Жуниор дош Сантос, Жаирзињо Розенструик, Александар Волков и Дерек Луис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON