Нгану: И да го нокаутирав Фјури, ќе најдеа начин да изгубам

Франсис Нгану не може да се помири со поразот од Тајсон Фјури, иако издржа 12 рунди против светскиот шампион во тешка категорија во бокс.

Според дел од публиката, Нгану требало да ја добие победата, но така не мислеа судиите кои пресудија во корист на Фјури.

„Имам исто чувство како навивачите. Дефинитивно сум ограбен. Разбирам дека тоа ќе изгледаше лошо за боксот, судиите се жртвуваа, но знаат дека не донесоа вистинска одлука. Дури и да го нокаутирав, ќе најдеа начин да изгубам. Фјури ме удри со лакт, а судијата не кажа ништо“, вели Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО