Нгану ги предизвика конкурентите на склекови со една рака

Поранешниот кандидат за титули во тешка категорија, Френсис Нгану не се досадува за време на карантинот и напорно тренира. 33-годишниот борец од Камерун требаше да се бори против Жаирзињо Розенструик кон крајот на минатиот месец во Охајо, но настанот беше откажана.

УФЦ реши да ги судри на 18 април, а Биг бој предложи нивната борба да биде привремена титула во тешка категорија.

Нема извесност за УФЦ 249, а Дана Вајт упорно одбива да објави нешто за медиумите, затоа што смета дека се ѓубре и расипуваат сè. Предаторот продолжува да се подготвува и објавува видео во кое прави склекови со едната рака. Нгану ги предизвика Камару Усман, Мек Грегор, Адесања и Вејли Жанг да го сторат истото, ако можат.

https://www.instagram.com/p/B-fONUKnj5Z/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON